САД подготвуваат „бродови духови“, посебна флота без човечки екипаж

164

Американската морнарица до 2045 година планира да произведе 150 „бродови духови“ со вештачка интелигенција. Во сегашни рамки, тоа значи дека секој трет воен брод на најголемата воена сила во светот, ќе биде брод без екипаж.

Бродовите ќе ги движи вештачка интелигенција, ќе бидат помали и поевтини бидејќи нема да им бидат потребни сиситеми за одржување живот и ќе може да се контролираат на далечина.

Плановите се објавени во извештајот на началникот на поморските операции, Navigation Plan 2022, во кој се наведува дека морнарицата ја проширува својата флота за да обезбеди контрола над стратешките мориња и за да остане релевантна во трката со Кина и со Русија.

Планот исто така вклучува и развој на повеќе од 350 бродови со човеќка посада и 3.000 авиони, што е драматичен пораст во однос на само 75 бродови додадени до американската морнарица во последните две децении.

Американската морнарица моментно има 300 воени бродови.