САД отвораат нова амбасада во Лондон во вредност од една милијарда долари

20

Вработените во Амбасадата на САД во Лондон од следниот месец ќе се преселат во нивниот нов дом -12-катна стаклена кула со поглед на реката Темза која вред 1 милијарда долари.

Долгоочекуваното преселување се одвива по изборот на новиот американски претседател Доналд Трамп, кој отвори нова димензија на „специјални односи“ меѓу САД и Велика Британија – политички, културни и воени, потврдени во текот на последните 100 години на фронтови низ светот, објави Хина.

Најблискиот британски сојузник ќе ја напушти амбасадата на „Grosvenor Square“ во центарот на градот, огромна бетонска зграда изградена во 1960 година.

Овој дел на Лондон беше познат како „Мала Америка“ за време на Втората светска војна, кога на истото место е лоциран главниот воен штаб на генерал Двајт Ајзенхауер.

Новата локација на јужниот брег на реката Темза лежи во средината на поранешната индустриска зона, која во моментов е во процес на урбана обнова.

800 лица ќе работат во новата зграда, а 1.000 посетители се очекува да поминуваат низ неа секој ден.

Архитектонски конкурс за новата зграда беше отворен во 2008 година, а избраната стаклена структура ги симболизира „основните демократски вредности на транспарентност, отвореност и еднаквост“.

Сепак, американско-британските односи во последниве месеци се на голем тест: владите на двете земји не се согласуваат за многу меѓународни прашања, како што е нуклеарниот договор на Иран и на одлуката на САД за признавањето на Ерусалим за главен град на Израел.

Претходно овој месец, британскиот премиер Тереза ​​Меј јавно го критикуваше претседателот на САД за ретвитање на антиисламски видеа на британски екстремисти на Твитер, на што Трамп одговори остро, порачувајќи и на Меј да „се фокусира на исламскиот екстремизам во Британија“.