САД не е опција

38

Легендарниот репрезентативец на Германија, Марио Геце, експресно ја демантираше пласираната информација дека својата богата фудбалска кариера ќе ја продолжи во американската МЛС лига. Крилниот напаѓач има статус на слободен фудбалер откако стави крај на повеќегодишната соработката со бундеслигашот Борусија од Дортмунд. Геце изјави дека нема вистина во информацијата дека ќе потпише договор со новиот американски клуб Интер од Мајами.