САД воведоа санкции против рускиот јавен медиум РТ и хакери поради обидот да влијаат на американските избори

37

САД воведоа санкции за шестмина директори на рускиот јавен медиум РТ, вклучувајќи ја и неговата главна уредничка Маргарита Симонјан, како одговор на обидите за мешање во американските избори.

Мета на санкциите се и хакери и невладини организации поврзани со Кремљ.

Како што соопшти Министерството за финансии на САД, казнените мерки се однесуваат на вкупно десет лица и два субјекти.

Мета на овие санкции се и водачите на групата РаХДит, за која се вели дека е составена од „прокремљски компјутерски хакери“, како и невладината организација Дијалог.

Тие се обвинети од американските власти дека користеле вештачка интелигенција во кампањи за дезинформации насочени кон изборните кампањи во САД.