Руте: Шансите да се постигне решение за тргање на бугарското вето за Северна Македонија се 50-60 отсто

125

Холандскиот премиер Марк Руте пред почетокот на Европскиот самит во Брисел изрази загриженост поради бугарската блокада за Северна Македонија, а со тоа и на Албанија. Тој нагласува дека се прават обиди да се надмине спорот и додава дека има 50-60 проценти шанси за тоа да се постигне следнава недела.

-Во врска со Западен Балкан, ситуацијата се разликува од земја до земја. Босна знае дека има работа пред да добие кандидатски статус, Косово има направено одреден напредок кон визна либерализација, но, најмногу сум загрижен околу Северна Македонија, а со тоа и Албанија, поради бугарската блокада на земјата и започнување на пристапните преговоди, рече Руте.

Ова создава многу и го разбирам тоа, вели Руте и додава дека Французите, Германците, па и Холанѓаните се обиделе да испреговараат одреден исход, нагласувајќи дека Бугарите сега прават напори за да се направи чекор напред.

-Секако, тоа треба да биде прифатливо и за Македонците. Ништо никогаш не е лесно на Балканот, но тука мислам дека постои 50-60 проценти шанса за напредок во текот на следната недела, изјави Руте пред почетокот на Европскиот совет во Брисел.