Руски СТОП за кинески државјани поради коронавирусот

27

Русија од 20 февруари ќе го забрани влезот на кинески државјани на своја територија, соопштија руските власти задолжени за превенција од коронавирусот.

Суспензијата се однесува на кинески државјани кои влегуваат во Русија поради вработување, од приватни причини, како и поради образовни цели или туристички посети, пренесе Ројтерс.

Рускиот премиер Михаил Мишустин потпиша декрет со кој се забранува влез на кинески државјани во Русија. Забраната за влез ќе биде привремена.

Оваа мерка претставува досега најостра мерка која е преземена поради ширењето на коронавирусот.