Руските медиуми јавуваат за украински артилериски напади врз позиции во близина на нуклеарката „Запорожје“

63

Украинските оружени сили вршат арилериски напади брз градот Енергодар, во непосредна близина на нукларната централа „Запорожје“, објавуваат денеска руските агенции.

Според нивните информации, украинската армија извршила 23 артилериски напади, а притоа биле употребени и 155-милиметарски хаубици „М777“ од американско производство

Нуклеарната централа „Запорожје“ се наоѓа во близина на Енергодар, на левиот брег на реката Дњепар. Тоа е најголемата нуклеарна централа во Европа со шест реактори. Централата од март годинава е под контрола на руските трупи, која ја опслужува украински персонал.

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за неодамнешните напади врз нуклеарната централа. Делегација на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска пристигна во градот Запорожје, а наскоро ќе изврши проверка на нивото на безбедноста на централата.