Рускиот суд го заплени имотот на Уникредит банка

3518

Арбитражниот суд на Санкт Петербург и Ленинградската област денеска заплени руски имот и сметки на филијали на Уникредит банка во вредност од 462,6 милиони евра.

Според судското досие, ваквата одлука е донесена врз основа на тужба од компанијата за управување со проекти „Рускимаљанс“, објави Комерсант.

Заплената е изречена на хартиите од вредност на банките Уникредит АГ и Уникредит АД (со седиште во Минхен), како и на недвижен имот и средства на сите банкарски сметки отворени на име на тие кредитни институции.

„Рускимаљанс“ во август 2023 година поднесе тужба против Уникредит банка барајќи исплата на 45,7 милијарди рубљи (околу 463 милиони евра) под банкарски гаранции според договорот со германската инженерска компанија Линде.

Пред тоа, компанијата поднела побарувања од уште две германски банки – Дојчебанк и Комерцбанк, а износот на побарувањата бил 24 милијарди рубљи (242 милиони евра) и девет милијарди рубљи (91 милион евра).

Германските банки беа гаранти на договорот меѓу Рускимаљанс и Линде, поранешниот изведувач за проектирање, набавка на опрема и изградба на комплекс за преработка на гас во градот Уст-Луга во близина на Санкт Петербург.

Линде го прекина работењето во 2022 година поради санкциите на ЕУ, кога, како што е соопштено во Рухималианс, банките гаранти престанале да ги исполнуваат своите обврски, забележува Комерсант.

Медиумите јавуваат дека во јануари 2023 година, руски суд го запленил имотот на Линде во вредност од 35 милијарди рубљи (354 милиони евра).