Жалбата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални против неговата 19-годишна затворска казна е одбиена, со што неговата вкупна казна е продолжена на повеќе од 30 години.
Како што јави Ројтерс, по сослушувањето, кое беше затворено за медиумите, и покрај протестите на Навални и неговите адвокати, судијата Виктор Рогов го прочита списокот со обвиненија против опозиционерот и му рече дека казната останува непроменета.
Сега се очекува Навални (47) да биде пренесен во затворска колонија со „специјален режим“, што е најстрого ниво на таква институција според руските закони.
Во петокот беше одбиена и жалбата на Данијел Колодни, телевизиски техничар кој работеше за Навални, кој беше осуден на осум години.