Руска докторка советува: Доволно е да јадете еден цитрон неделно -промените во организмот се изненадувачки

236
Руската лекарка, нутриционистката Светлана Зеленцова за Спутник откри зошто е неопходно да се јаде грејпфрут, односно цитрон и од кои болести тој се спасува.
Таа изјавила дека ова овошје е богато со витамини и микроелементи, особено со витамин Ц и силициум.
Тоа значи дека грејпфрутот не само што го зајакнува имунитетот, туку и ја зголемува синтезата на колаген.
„Ова овошје содржи фитохемиски својства кои активно се проучуваат. Некои својства на супстанциите го забавуваат стареењето. Нарингенинот има антиоксидантни својства, добар е во борбата против вируси, тумори и бактерии, а има и антиинфламаторно дејство (против воспаленија). Ја подобрува работата на срцето и крвните садови и го намалува апетитот“, вели докторката.
Нобилетинот кој се наоѓа во грејпфрутот е корисен во борбата против дебелината, атеросклероза и отпорност на инсулин.
Гесперединот е антиоксиданс, има антиалергиско дејство, ги зајакнува крвните садови, го зголемува тонусот и еластичноста на вените.
„Грејпфрутот може да помогне во случај на стагнација на жолчката и намалена киселост на желудечниот сок, бидејќи го поттикнува производството на дигестивни сокови. Влакната што ги содржи се корисни за цревата“, откри Зеленцова.
Докторот додаде дека не треба да јадете грејпфрут претерано, бидејќи неговите активни супстанции го потиснуваат дејството на ензимите неопходни за детоксикација.
„Ве советувам да јадете грејпфрут еднаш неделно. Не треба да го јадете ако имате болен стомак или ако сте нетолерантни на салицилат (природен имунолошки хормон и конзерванс кај растенијата).
Исто така, во текот на летото мора да се ограничи неговата употреба бидејќи постои можност кожата да биде почувствителна при сончање“, заклучил докторот.