Руска верзија на „Симпсонови“ – наместо лесна комедија, насилство и ситен криминал/видео

101

Рускиот аниматор Алексеј Семојонов, познат како “Lazy Square” објави римејк на „Симпсонови“, најпопуларниот американски цртан филм.

Во неговата верзија лесната комедија ја замени со доза на насилство, дрога и ситен криминал. Суровата верзија на Симпсонови го прикажува стереотипното сфаќање на секојдневниот живот на руско семејство.

На Барт му го крадат мобилниот телефон, Хомер краде на работа, Марџ ја псуе касиерката во продавница, на Лиса и се заканува полиција, а се се завршува со семејно насилство.

Тмурната стомсфера ја засилува и звукот на темата од филмот „Дом за бесење“ на Емир Кустурица.