Руска медиумска пропаганда: Или Русија ќе победи или почнува трета светска војна!/ВИДЕО

306

Главната уредничка на државната руска телевизија Russia Today, маргарита Симоњан во ТВ емисија тврди дека има само две сценарија за исходот од војната во Украина – руска победа или трета светска војна!

„Од нивна перспектива, победа на Русија значи дека ние би задржале било што. Тие веруваат дека Украина би требало да добие се: Донбас, регионот херсон, Запорожје и Крим. Тоа би им одговарало, другите опции не им одговараат, како ни трета светска војна. Тие две сценарија меѓусебно се исклучуваат – Или ќе победиме или ќе се случи трета светска војна, не гледам друга опција. Под кои околности ние би се откажале од Крим? Дали би се откажале без светска војна?“ – вели Симоњан во емисијата од која американската новинарка Џулија Дејвис објави делови и на социјалните мрежи како пример за руската медиумска пропаганда.