Ракометната репрезентација на русија се пласираше во главната фаза на Светското првенстов во Египет. Русите во вториот натпревар од Групата “Х“ ја совладаа Словенија со 31:25 (16:13). Дури три руски ракометари завршија со по шест голови, и тоа Кисељев, Косоротов и Сорока. Доленец во репрезентацијата на Словенците беше стрелец исто на шест голови.
Франција во Е – Групата славеше над Австрија со 35:28 па така и оваа селекција обезбеди пласман во следната фаза. Португалија во Група “Ф“, лесно славеше над Мароко со 33:20 и исто така обезбеди пласман во следната фаза.
Место во главната фаза претходно обезбеди и Белорусија која со 32:24 ја победи Ј. Кореја во второто коло од групата.