И покрај дисквалификацијата на Камила Валиева поради допинг, руската репрезентација во уметничко лизгање, сепак, ќе добие бронзен медал од Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година, соопшти Меѓународната лизгачка федерација.

Соединетите Американски Држави се новите олимписки шампиони во екипна конкуренција, Јапонија ќе добие сребрен медал, додека Русија падна од првото на третото место, со еден бод повеќе од четвртопласираната Канада.

Меѓународната федерација за лизгање ја објави изменетата табела со бодови од натпреварувањето во Пекинг, каде што ѝ беа одземени на Валиева максималните десет бода од двата настапа на тоа натпреварување, со тоа што не им додаде бодови на селекциите под Русија.

На крајот, Русија падна од 74 на 54 бода, додека вкупниот број на Канада беше 53, што е доволно за руската репрезентација да го освои бронзениот медал.

Канада, најверојатно ,може да ја оспори оваа одлука пред Судот за спортска арбитража во Лозана (ЦАС).

Инаку, девојката што ги доби сите симпатии од љубителите на уметничкото лизгање, беше дисквалификувана од Зимските олимписки игри во Пекинг, во 2022 година. Сега, ЦАС ја суспендираше на четири години, поради случајот со допинг што предизвика потрес на натпреварувањето во Кина.

Валиева беше позитивна на забранетата супстанција „триметазидин“, која спречува ангина, на руското национално првенство, во декември 2021 година. Нејзиниот тим истакна дека позитивниот тест може да се должи на тоа што таа ги заменила лековите со оние на својот дедо, кој користел лекови за срце.