Русија објави на кои земји повеќе нема да им дистрибуира нафта

404

Кремљ соопшти дека Русија не планира да дистрибуира нафта на земјите кои поддржуваат ограничување на цената на руската нафта.

Сè уште е тешко да се процени влијанието на одредувањето на горната ценовна граница на нафтата и гасот на пазарот, засега тргнуваме од фактот дека нема да дистрибуираме гас и нафта, но тоа треба дополнително да го анализираме, велат од Кремљ.

„Конечната одлука ќе ја донесеме откако ќе ги анализираме сите бројки. Засега стоиме на ставот на претседателот Владимир Путин дека нема да доставуваме нафта и гас на земјите кои би го поддржале ограничувањето“, рече Дмитриј Песков на дневниот брифинг.

За потсетување, земјите членки на групата Г7 наскоро треба да се договорат за горната цена на руската сурова нафта. Идејата е американска, откако ЕУ минатата пролет донесе одлука да го прекине увозот на руска нафта, која треба да стапи на сила на 5 декември, а во февруари стапува на сила забраната за увоз на деривати.

Во почетокот, САД ја разгледуваа опцијата да ја дефинираат горната граница на цената на околу 40 долари, но набрзо се откажаа бидејќи се стравуваше дека после тоа Русија може да престане да ги снабдува светските пазари, што ќе предизвика раст на цената на црното злато.

Ограничувањето на цената е замислено како средство за спречување на бродските компании и осигурителни компании да транспортираат руска нафта што би се продавала по повисока цена. Имено, многу бродски компании избегнуваат санкции со претовар на нафта на офшор, со фалсификување документација и слично.