Русија го утврдила типот на корона вирусот и моментално се работи на развој на вакцината, а веќе постојат пет прототипови, изјавила вицепремиерката на Русија, Татјана Голикова.

Како што истакна Голикова, иако постојат пет прототипови на вакцината, сепак и понатаму станува збор за почетна фаза на развој на истите.

„Научниците сериозно работат во изработката на вакцините. Во почетна фаза сме, но работиме со сите сили“ – додала таа.

Извор: Tass