Русија ги стави Каспаров и Ходорковски на списокот на странски агенти

124

Министерството за правда на Русија на списокот странски агенти ги стави шахистот и политичар Гери Каспаров и поранешниот директор на „Јукос“ Михаил Ходорковски.

Како што е наведено на веб-страницата на Министерството, Ходорковски е ставен на списокот поради „политички активности“, кои се поврзани со Украина.

На листата се најде и Каспаров поради неговите политички активности, а е поврзан со Украина и со невладината организација Фондација за човекови права, пренесува Спутник.

Законот за физички лица – странски агенти е донесен на 30 декември 2020 година, а според него, за странски агент може да се прогласи секое физичко лице, без разлика на државјанството, кое врши политичка активност во Русија или собира податоци за воени и странски агенти.

Воено-техничките активности на Русија во интерес на странски извори и со материјална поддршка на тие извори.