Русија: Врз Роберт Фицо беше извршен атентат затоа што не им се допаѓа на либералните елити

132

Директорот на руската служба за надворешно разузнавање Сергеј Наришкин денеска изјави дека атентатот на словачкиот премиер Роберт Фиц е обид да се убие политичар кој не им се допаѓа на „либералните елити“.

Наришкин истакна дека плановите на нарачателите на нападот на концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва не се ограничени само на Комонвелтот на независни држави (ЗНД), кој вклучува девет земји од поранешниот Советски Сојуз, туку дека „ областа на нивните операции е многу поголема“, пренесува ТАСС.

„Неодамнешниот обид за убиство на словачкиот премиер Роберт Фицо кажува многу. Тој не им се допаѓа на либералните елити бидејќи се осмели да ги застапува националните интереси на својата земја и народ“, рече Наришкин.

Во земјите на ЗНД, според директорот на руската Федерална служба за безбедност Александар Бортников, земјите-членки на НАТО го зголемиле бројот на сајбер напади.

„Тие првенствено ги напаѓаат компјутерските системи во јавната, енергетската, транспортната и банкарската индустрија“, рече Бортников.

Двајцата шефови на разузнавачки служби зборуваа на Советот на шефови на безбедносни и специјални служби на земјите од ЗНД во Бишкек, главниот град на Киргистан, пренесува Танјуг.