РУСИТЕ „ТИВКО“ ИЗГРАДИЈА ЅИД ВО УКРАИНА „Царскиот воз“ е долг 30 километри!

17913

Во својата последна анализа на ситуацијата во Украина, Институтот за проучување на војната (ISW) тврди дека руските сили изградиле бариера долга 30 километри наречена „Царски воз“ во окупираната област Доњецк.

Според анализата, Русите ја поставиле бариерата како линија на одбрана против идните украински напади. Сателитските снимки од 10 мај 2023 година и од 6 и 10 февруари оваа година покажуваат дека руските сили во изминатите девет месеци поставија долга железничка линија која се протега од Оленивка до Волноваха.

Украински извори наведуваат дека Русите „споиле“ повеќе од 2.100 товарни вагони во воз долг 30 километри. Изворот, како што пренесува Index.hr, додал дека склопувањето на возот почнало во јули минатата година.

Железничката линија меѓу Оленивка и Волноваха е на еден дел на околу шест километри од линијата на фронтот. Русите не случајно го избраа овој дел од пругата, кој до пред неколку месеци беше релативно неактивен, па руските војници решија токму таму да го постават најсилниот можен бедем.

ISW предупредува дека не треба да се занемари можноста склопениот воз да има и други намени, освен да служи како бариера.