Ругани како дефанзивен столб

47

Големиот ривал од италијанската Серија А, тимот на Рома, моментално важи за прв фаворит кога е во прашање потписот на централниот дефанзивец од редовите на Јувентус, Даниеле Ругани.

Повремениот репрезентативец на Италија не е задоволен од третманот кој го добива од новиот предводник на „дамата“, Маурицио Сари и поради таквата ситуација сака да ја промени клупската средина до крајот на преодниот рок. Неофицијално, „волчицата“ е подготвена да одвои околу 25 мил. евра за неговите услуги.