Рубиалес организирал оргија среде пандемијата со коронавирусот

422

Никако да стивне скандалот во кој главен актер е претседателот на Шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес. Веќе со денови Рубиалес е главна тема во медиумите откако ја бакна во уста фудбалерката Џенифер Хермосо без нејзина согласност за време на церемонијата по финалето на Светското првенство за жени, во кое Шпанија ја совлада Англија.

Целата приказна доби и политички тон, а медиумите и јавноста побараа итна оставка од Рубиалес, а таква барање упатија и Икер Касиљас, Луис Енрике, каталонскиот гигант Барселона. Но, и покрај жестокиот напад од јавноста, Рубиалес одби да се повлече, па ФИФА го суспендираше на 90 дена додека трае дисциплинскиот процес.

Новинарите на британскиот таблоид The ​​Sun беа во ексклузивниот кварт Салобрена, недалеку од Гранада, каде што пораснал Рубиалес и каде што во 2020 година наводно изнајмил луксузна вила со пари од Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) и организирал оргии и тоа  среде пандемијата на коронавирусот.

За ова беше обвинет од неговиот вујко Хуан Рубиалес, кој беше отпуштен од Луис во 2020 година. Хуан пред антикорупцискиот совет тврдеше дека Луис го принудил да ја организира забавата и да ја плати со парите на Шпанската фудбалска федерација. Рубиалес ја демантираше приказната, велејќи дека во вилата била одржана работна средба и „скара со луѓе од различен пол“.

„Сан“ разговараше со соседите, кои тврдат дека во луксузната вила имало врева до утринските часови. Гостите наводно биле членови на ШФФ.

  • Се сеќавам кога беше тука. Бум, бум, бум до сабајле. Музиката беше гласна, имаше многу пиење и девојки. Слушнав како се смеат и се забавуваат до пет или шест часот наутро. Тие беа тука неколку денови, тврди сведокот.

Локалната жителка Марија изјавила дека една италијанска бизнисменка е сопственичка на вилата.

  • Забавата се одржа за време на пандемијата. Беше иритирачки, но не повикавме полиција бидејќи не сме таков сосед, се сеќава Марија.

Анонимниот локален шпански агент изјави дека тоа е ексклузивна населба каде што „Рубијалес знае дека нема да има никакви проблеми“ и „неговото семејство е познато и сакано таму и има големо влијание“.

Поранешниот службеник за односи со јавноста на ШФФ објасни дека изнајмувањето на вилата било „исклучиво за забава на Рубиалес и неговиот близок круг, а се плаќало со картички на федерацијата“. Според него, на забавата имало осум до десет млади девојки, а наводно биле поканети од пријателот на Рубиалес, Франциско Хавиер Мартин Алкаид, поранешен фудбалер попознат како Нене.

Врз основа на свои извори, „Ел Паис“ објави дека поканетите девојки не биле проститутки. Вујко Хуан подоцна инсистираше на тоа дека финансиските средства на ФШШ не се искористени, туку дека тој лично ги собрал парите, кои подоцна му ги вратиле сите присутни. Луксузната вила во која се одржа забавата има 210 метри квадратни, три тераси, базен, градина и гаража.