Рубен Дијаз минатата година беше прогласен за најдобар дефанзивец во Лигата на шампионите, а и оваа година игра одлично во одбраната на Манчестер Сити.

Актуелниот шампион на Англија забележа три победи на почетокот на новата сезона, постигнувајќи 11 голови и прими само еден гол, пред сè благодарение на одличниот Дијаз.

Дијаз покажува одлични игри на теренот, а очигледно не го вознемири фактот што ја прекина врската со својата девојка Ејприл Ајви и тоа поради бизарна причина.

Двојката беше заедно три години, но Дијаз повеќе не можеше да го поднесе нејзиното постојано објавување провокативни фотографии на социјалните мрежи, поради што одлучи да се разделат.

Дијас важи за мирно и повлечено момче и неговиот начин на живот е сосема поразличен од стилот на неговата сега веќе поранешна девојка, но и од многу други фудбалери кои сакаат да се фалат со пари, слава, автомобили, јахти, згодни жени…