Роуз нова зимска аквизиција

42

Турскиот прволигаш Трабзонспор сака до крајот на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на офанзивниот бек од редовите на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Дани Роуз. Повремениот репрезентативец на Англија веќе е информиран од менаџерот на „петлите“, Жозе Мурињо дека може да си побара нова средина и затоа неговиот агент веќе е седнат на преговарачката маса со челниците на Трабзонспор. Турскиот клуб сака прво да го позајми офанзивниот бек.