Рони, синот на Тина Тарнер, бил насилник како татко си Ајк

1339

Афида Тарнер е снаа на кралицата на рокенролот Тина Тарнер, а дури сега, по нејзината смрт, ги открива најголемите нејзини стравови. Афида беше мажена за Рони Тарнер, синот на Тина. Додека бил болен од рак, Афида многу се грижела за него.

Снаата на Тина деновиве изјавува дека кралицата на рокенролот најмногу била загрижена поради насилното однесување на синот Рони. Свекрвата Тина се согласувала со снаата за тоа.

– Рони ќе стане насилник исто како својот татко Ајк Тарнер, кој ме малтретираше за време на бракот – често зборуваше Тина.

Афида Тарнер беше во брак со Рони Тарнер од 2007 година до неговата смрт, на крајот од 2022 година.

Таткото на Рони, Ајк Тарнер, почина на 76-годишна возраст, во 2007 година, од предозираност со дрога, а во текот на четиринаесетте години поминати со Тина Тарнер, беше насилен кон неа, и психички, и физички и во секој друг поглед. Неговото малтретирање ја доведе Тина до лудило, па во некои моменти на големо разочарување, таа посегна по својот живот. Сакаше да се самоубие. Сепак, не успеа во тоа.

Афида секогаш ѝ се чудеше на Тина како можела да живее со насилникот Ајк, но набргу истото ја стигна и неа со Рони.

– На почетокот беше ист како татко си Ајк, а потоа се подобри – вели Афида Тарнер, додавајќи дека често му се заканувала дека ако продолжи да биде агресивен, ќе бара развод. – Многу му беше тешко кога му го соопштив тоа, бидејќи не сакав повеќе да бидам со него, со таков манијак.

Потоа таа откри дека и Рони имал конфликти со законот – од апсење поради дрога до тоа што се лекувал од алкохол. Токму благодарение на неа престанал да пие и почнал да оди во вежбалница. Но, не за долго. Болеста веќе била во завршна фаза, посилна од него. Рони Тарнер, синот на Тина, почина на 62-годишна возраст, по компликации од рак на дебелото црево.   Д.М.