Петкратниот светски шампион во снукер  Рони О’Саливан се закани дека ќе се повлече од претстојното Светско првенство во Шефилд, откако организаторите открија дека ќе им биде дозволено присувство на навивачите.

Британската влада објави дека на Светското првенство во снукер е едно од трите натпреварувања на кои ќе се проба да се врати публиката во склопот на попуштање на мерките во врска со коронавирусот од први октомври.

Светското првенство во снукер ќе се одржи во период од 31 јули до 16 августи ќе биде дозволено ограничен број на гледачи. Британските медиуми пренесоа дека наместо 980 гледачи во салата ќе има половина.

-Ако почнат да ја враќаат публиката, дури и ако се работи само за стотина, нема да се чувствувам добро. Мислам дека тоа би можело да влијае на мојата подготвеност да учествувам, изјави О’Саливен.

Според него публиката не треба да биде присутна на натпреварувањето во затворен простор, најмалку до наредната година и дека многу е чудно што се зборува за тоа.

-Само мислам дека е очигледна дека некои работи мораме да ги направиме во одредена ситуација за да се заштитиме и да го намалиме ризикот, доаде еден од најдобрите снукер играчи на сите времиња.

Светската снукер федерација наводно ги повикала сопствениците на годишните билети да се изјаснат дали сакаат да присувствуваат на натпреварите.

Навивачите ќе мораат да држат ситанца, но не се познати другите детали околу организацијата.