Роналдо тврди дека Фере лаже, но дали е така?!

108

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, жестоко го нападна Паскал Фере, уредникот на „Франс Фудбал“ и тоа со зборовите дека Французинот лажел која изјавил дека Португалецот сака да ја заврши својата фудбалска кариера со повеќе „Златни топки“ од Лионел Меси. Неколку дена подоцна беше објавен видео клип кој покажува нешто сосема спротивно.

  • Роналдо има само една амбиција, сака да се прости со повеќе „Златни топки“ од Меси. Тоа го знам, тоа ми го има кажано, изјави Фере.

Таквата изјава на уредникот на „Франс Фудбал“ беше причината за жестокиот одговор на Роналдо во кој Португалецот тврди дека францускиот новинар лаже и дека сака самиот да се промовира и сака да го промивира магазинот каде што работи.

Сепак, на социјалните мрежи се појави видео снимка од 2019 година, во која Роналдо дава големо интервју за Пирс Морган, каде што открива дека сака да освои најмногу „Златни топки“ во фудбалската историја.

  • Сакам да имам најмногу „Златни топки“ во фудбалската историја. Го сакам тоа и мислам дека тоа го заслужувам. Меси е фантастичен човек и фудбалер, но мислам дека јас морам да имам шест, седум или осум „Златни топки“ повеќе од него. Ние не сме пријатели, но ја делиме оваа сцена веќе 15 години. Имам добар однос со него и знам дека тој ме притиска да бидам уште подобар фудбалер исто како што јас го притискам него. Меси е најдобриот играч против кого сум играл, сигурно, изјави Роналдо.

Португалецот заврши на 6-та позиција кога е во прашање последниот избор на „Франс Фудбал“ за „Златната топка“. За првпат после 2010 година, фудбалерот на Манчестер Јунајтед не заврши во топ 3. На тој начин Роналдо остана со пет освоени „Златни топки“, додека Меси дојде до бројот седум.