Репрезентативецот на Португалија и поранешен фудбалер на калчо гигантот Јувентус, Кристијано Роналдо официјално поднесе тужба против клубот од Торино поради неисплата на платите за време на пандемијата на коронавирусот, објави најтиражниот спортски весник на Апенинскиот полуостров – „La Gazzetta dello Sport“.
Според истиот медиум, 38-годишниот Португалец сака да си ги добие 19,9 милиони евра кои останале неисплатени за време на пандемијата. Откако ги побарал и ги добил документите од обвинителството во Торино, Роналдо донел одлука дека ќе тужи „старата дама“. Фудбалерот на Ал Наср сака да ги добие парите што се согласил да не ги зема веднаш, односно дека трае карантинот поради коронавирусот.
Се работи за договор кој Јувентус го склучи со некои играчи за време на пандемијата на коронавирус. Играчите се согласија на намалување на платата на одреден временски период, но со текот на времето Јувентус мораше да им ја исплати договорената сума.
Роналдо играше за Јувентус од 2018 до 2021 година. Вкупно, фудбалерот одигра 134 натпревари за клубот, на кои постигна 101 гол и запиша 22 асистенции.