Вториот грен слем турнир годинава Ролан Гарос е поместен за една недела подоцна, откако Франција повторно беше заклучена поради пандемијата со коронавирус од пред една недела и тоа во следните четири недели.

Отвореното темиско првенство на Франција, требаше да почне на 23 мај, но сега ќе стартува на 30 мај и ќе трае до 13 јуни, а две недели ќе има пауза до следниот грен слем, Вимблдон, објави „Л’Екип“.

Ланскиот Ролан Гарос се одржа во октомври откако беше одложен во предвидениот термин поради пандемијата со коронавирусот, а го освои Шпанецот Рафаел Надал, кој многу лесно го победи првиот светски рекет Србинот Новак Ѓоковиќ.

Според најавите Франција треба повторно да се отвори после третиот локдаун кон средината на мај, но проблем е ако кризата потрае, зашто нема повеќе термини, а нема да може ни Вимблдон да се одложи, од причина што од 23 јули стартуваат Летните Олимписки игри во Токио.