Родена е во паб, го поминала пола свет таму да го испие првото пиво/ФОТО

60
Фото: Twitter

Тинејџерката Изабел Кејси, од Велика Британија патувала 7.500 километри за како полнолетна личност, своето прво пиво, да го испие во пабот во кој неочекувано се родила пред 18 години.

Изабел е родена на 14 февруари 2002 година, во Хартфорд Мил пабот во Вајтон, недалеку од Кембриџ. Семејството во 2006 година се преселило во Ванкувер, но ветиле дека ќе се вратат за да го прослават полнолетството на ќерката, пишува БиБиСи.

„Ќе испие пинта (малку повеќе од половина литар), бидејќи тоа е дел од нашето наследство“, рекол таткото на Изабел.

Неговата сопруга, тогаш медицинска сестра, почувствувала силни контракции додека пиела кафе во пабот со пријателите.

Кога дошол таткото Нил, тргнале кон болница, но на паркингот пред пабот и пукнал водењакот, па се вратила во пабот и таму ја родила Изабел. Токму поради тоа, подоцна одлучиле дека првото пиво ќерката ќе го испие токму во тој англиски паб.

Младата Изабел, која се надева дека наредната година во Британија ќе студира биологија, рекла дека е многу возбудена што ќе се врати на местото каде што е родена и дека нејзината приказна е многу „кул“.

Извор: БиБиСи