
Словенечкиот велосипедист Примож Роглич ќе си замине од Џамбо-Висма, потврдија од тимот и на тој начин ставија крај на шпекулациите кои траат подолго време.
„По времето полно со спомени што го поминавме заедно, тимот на Џамбо-Визам му дозволи на Примож Роглич да ги продолжи своите амбиции на друго место во иднина. Пред тоа, целата концентрација е на претстојните трки“, велат од тимот.
Роглич имаше уште една година од договорот, се уште не се знае која е неговата идна дестинација, но специјализираните медиуми пренесуваат дека се работи за повеќегодишен договор според кој 33-годишниот играч би заработувал шест милиони евра по сезона, плус бонуси. Ова би го доближило Роглич до најплатениот велосипедист во светот – Тадеј Погачар. Во својата кариера, Роглич три пати ја освои Вуелта и еднаш Џиро д’ Италија.