РКЕ: Обврзани сме да ја усогласиме одлуката со законските измени изгласани во Собранието

34

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ја информира ВМРО-ДПМНЕ дека изврши усогласување на Одлуката од 5.04.2021 година (со која се утврдени највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт ) со измените на Законот за акцизите што го донесе Собранието на Република Северна Македонија, во чиј состав се и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Реториката на навреди која ја практикува ВМРО-ДПМНЕ кон РКЕ е одраз на недостаток на аргументи, политичка тежина и знаење.

РКЕ не носи закони, само ги спроведува соодветните законски решенија.

Реакција на РКЕ во однос на обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ