РКЕ бара од БЕГ и ПУИГ да се произнесат по барањето за лиценца на ГЕС

98

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги задолжи Балкан енерџи груп (БЕГ) дистрибуција и АД за стопанисување со станбен и деловен простор (порано ПУИГ) да се произнесат за постапката за издавање лиценца на Градски енергетски системи (ГЕС) за дистрибуција на топлинска енергија во Град Скопје.

Задолжението, како што информира претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, им го дале на состанокот што се одржа во понеделникот.

– Ги задолживме БЕГ дистрибуција и ПУИГ да се произнесат во однос на барањето на ГЕС за добивање лиценца. Кога ќе ги добиеме нивните одговори ќе ја информираме јавноста до каде е, и што се случува со оваа постапка – рече Бислимоски.