Ричард Гир татко и на 69 – годишна возраст

37

Славниот актер Ричард Гир (69) и неговата сопруга Алехандра Силва го добија своето прво дете, а Гир стана татко на 69 години.
Актерот кој е најпознат по филмовите „Американски жиголо“, „Убава жена“ и „Шакал“ и неговата 36-годишна сопруга станаа горди родители на момченце пред неколку дена, пренесуваат медиумите.
Гир и Силва се венчаа во април минатата година по четиригодишна врска.
Актерот го има синот Хомер (18) кој го доби во бракот со Кери Лоуел, пред која беше оженет со моделката Синди Крафорд.