Риболовци од Струмица уловија сом од 50 килограми на Дојранско Езеро

123

Спортските риболовци Никола Полизовски и Александар Христоманов од Струмица, во неделата, околу 17 часот, уловија сом тежок точно 50 килограми.

– Сомот го уловивме со техника „бучка“, со мамка жива риба. Се подготвувавме да излегуваме и во тој момент рибата силно повлече. Капиталецот го влечеше Александар околу дваесетина минути, а јас го прифатив во чамецот, односно заеднички го извадивме на безбедно – раскажува Никола Полизовски.

Тој додава дека сомот им е најголема уловена риба досега и е меѓу поголемите од овој вид фатени во државата.