
Раководните лица на италијанскиот калчо гигант Милан планираат во следните неколку дена да стават крај на сите дилеми кога е во прашање клупската иднина на стандардните првотимеци, Хакан Чаланоглу и Џиџи Донарума. Двајцата имаат договор до крајот на актуелната сезона, но според последните информации кои пристигнуваат од „Сан Сиро“, турскиот интернационалец и првиот голман на „росонерите“ ќе потпишат нов договор со важност до 2025 година.