Каталонскиот гигант Барселона планира во најбрз можен рок да ја продолжи соработката со холандскиот интернационалец Френки де Јонг. Офанзивниот играч за врска со месеци важеше за голема желба на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, но предводникот на Барса, Чави Хернандез, по натпреварот против Бетис изјави дека е подготвен и со затворени очи да потпише нов договор со Де Јонг.