РЕФОРМИ ВО ГРАДСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: Шилегов прво им го укина бесплатниот паркинг, а сега и ќе ги построи!

15

 За првпат се воведува внатрешна контрола на вработените. Таа за два месеци треба да изработи регистар за несработени предмети, а истовремено ќе се направи категоризација на предметите по тип и време како ќе се постапува. На пример, данокот на промет би се пресметувал за пет дена, данокот на имот би се пресметувал за 10 дена, лиценцата за такси-возачи би се издавала за 30 дена

За првпат Град Скопје воведува внатрешна контрола за вработените во администрацијата. Целта е да се обезбедат подобри услови за граѓаните. За два месеца внатрешната контрола треба да изработи регистер на сите несработени предмети, а истовремено ќе се направи категоризација на предметите по тип и време за постапување.

-За прв пат во историјата на Град Скопје се воведува внатрешна контрола со цел да се обезбедат подобри услуги за сите граѓани на главниот град. Денеска издадов налог со кој внатрешната контрола во рок од два месеца треба да изготви регистар на сите постојни несработени предмети во градот. Во исто време, ќе се категоризираат предметите по тип и време за постапување, истакна градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Тој информираше дека целта е да се спречи закочувањето на постапките, а граѓаните да бидат поштедени и од стрес и од изгубено време талкајќи по шалтери, од канцеларија во канцеларија и конечно да се извадат сите предмети надвор од фиоките. Шилегов најави дека ќе се определува категорија по специфична тежина за колку работни дена треба да биде сработен еден предмет.

-На пример, данокот на промет би се пресметувал за пет дена, данокот на имот би се пресметувал за 10 дена, лиценцата за такси-возачи би се издавала за 30 дена. На овој начин, ќе се врати ажурноста во работењето со што граѓаните ќе добиваат навремени и ефикасни услуги, посочи градоначалникот.

Системот предвидува секој од вработените во градската администрација да може да добие свој фајл и по однос на извештаите кои ќе ги доставува внатрешната контрола ќе добие досие на неговата ефикасност во работење. Секој вработен ќе биде оценуван по основ на тоа во колкав рок и колкав број на предмети одработил согласно Правилникот на градската администрација.

Тој ги повика од понеделник сите граѓани кои имаат активни или новоподнесени предмети во градската администрација или имаат каков било проблем да пријават во внатрешната контрола на [email protected]