Претрес во компанијата „Мерцедес-бенц“ поради сомнеж за корупција

229

Канцелариите на компанијата „Мерцедес-Бенц“ во Синделфинген, во близина на Штутгарт, денеска беа претресени како дел од истрагата против двајца менаџери на компании кои се соочуваат со обвиненија за корупција.

„Акцијата се спроведува поради сомневање за корупција во текот на деловните процеси“, соопшти денеска државното правобранителство во Штутгарт.

Германските медиуми пишуваат дека се работи за истрага против двајца менаџери на „Мерцедес-Бенц“ кои примиле мито „во милионски износ“ во замена за обезбедување договори за добавувачи.

На осомничените им се става на товар дека успеале да влијаат на изборот на одредени добавувачи, пренесуваат медиумите.

При претресот, што бил извршен кон крајот на минатата недела, во одделенијата за набавки се одземени еден мобилен телефон и еден компјутер.

Компанијата соопшти дека претресот е извршен на иницијатива на самата компанија „Мерцедес-Бенц“.

„Мерцедес-Бенц е жртва во овој случај и пријавата ја поднесовме самите“, соопштија од автомобилскиот концерн.

Според некои германски медиуми, раководството одбило да каже колкава е сумата и да потврди дека станува збор за најголемиот корупциски случај во историјата на компанијата.с