Холивудската актерка Сара Џесика Паркер, на премиерата на филмот Hocus Pocus 2, се појави во рпидрузба со своите две ќерки близначки – Мерион и Тебита и со својот сопруг Метју Бродерик. Наследничките на славната актерка не се појавуваат често во јавноста и нивното присуство на премиерата привлече големо внимание. Девојките позираа со своите родители и тоа беше една од ретките можности за обожавателите на Сара Џесика Паркер да видат како изгледаат нејзините ќерки.
Мерион за премиерата одбрала здолниште комбинирано со розеви чевли со високи потпетици, додека Тебита се одлучила за црна комбинација со виолетови чевли.
13-годишните ќерки кои се родени од сурогат мајак, Сара Џесика Паркер и нејзиниот сопруг Метју Бродерик не ги покажуваа во јавноста обидувајќи се им пружат приватност додека растат.
Иако понекогаш се појавуваа со нив во јавноста, ретко кога ѕвездата на „Сексот и градот“ ги носела со себе своите ќерки на премиера од некој од нејзините филмови.
Актерката и нејзиниот сопруг воопшто, настојуваат да го држат своето семејство подалеку од јавноста. Покрај двете ќерки близначки, двојката има го има и синот Џејмс кој исто така е актер.