Ретко видлива утринска глетка: Парче комета го осветли небото над Шпанија и Португалија/видео

142
Фото:принтскрин

Блескав фрагмент од комета синоќа го осветли небото над делови од Шпанија и Португалија, објави Европската вселенска агенција (ESA).

Во неделата наутро, X платформата на ESA сподели видео од „многу светол метеор“ на небото над западниот шпански град Касерес, во близина на границата со Португалија.

Подоцна беше објавено дека тоа е „мал дел од комета“, а не метеор.

Се проценува дека кометата прелетала над Шпанија и Португалија со брзина од 45 километри во секунда пред да изгори над Атлантикот.