Респект за групата „Респект“ и нивниот концерт во Скопје:После три илјади нервози – журка лудило!

58

„Критичари, поштедете нè од коментари за фалшови и свирење. Дојдете на нашето место…. Публико, фала ви до небо, за лудата атмосфера“, порача пејачот Даниел

Овој месец, како и претходниот, за познатата група „Респект“ и пејачот Даниел Сидовски се со посебно значење. Тие во Скопје, во Ново Лисиче, имаа концерт за паметење. Испеаја голем број свои добро познати хитови во живо: „Те Сакам”, „Лажна љубов”, „Опасна”, „Журка лудило”… А, своите впечатоци од концертот ги пренесува и самиот Даниел, на еден специфичен начин:

– Можеби имам големи очекувања, можеби денот беше среда, можеби беше крај на месецот, можеби владеат заслужени одмори, можеби владее љубомора, можеби не си го почитуваме своето. Па, вие сите што бевте присутни на коњопои и во паркот по клупите и тревите, ни докажавте дека еден бенд со многу капки пот може да успее во својата замисла!

Критичари, поштедете нè од коментари за фалшови и свирење. Дојдете на нашето место, дојдете да организирате, да „јадете 100 кг прав“ на 50 степена, и да не отидете дома да се одморате за концерт со три илјади нервози кои ни застанаа на патот…Фала ви до небото, за лудата атмосфера, за тоа колку пеевте од прва до последна песна на цел глас. Како да имаше 10 илјади грла. Македонија вечна… вели, меѓу другото, распеаниот Даниел. А, ние велиме, браво за целиот настан, го скршивте мразот! Журката може да продолжи со „Респект“ низ Македонија, дури и на најавениот африкански топол летен бран.