Националната арена „Тодор Проески“ ќе добие нова трева, информираа од Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. Работата е веќе започната и се очекува арената наскоро да го добие сјајот онака како што доликува за еден национален стадион.

Теренот на нашиот најголем стадион неколку месеци беше во катастрофална состојба, да делови од теренот имаше и земјена површина, па за дуелот со Англија, нашата селекција ќе има целосно нова трева на располагање.

Промената на теренот се прави за првпат по 2012, во соработка со Фудбалската федерација на Македонија. Вредноста на инвестицијата и на донацијата не е позната и ќе биде соопштена, како што е најавено, кога ќе заврши работата на теренот.

  • Проектот е донација од ФФМ преку УЕФА и се очекува да биде готов пред натпреварот со Англија на којшто ќе можеме да се пофалиме со нова, најсовремена тревна површина во согласност со највисоките стандарди на меѓународните фудбалски институции, соопштија од АДИССДП.

Се очекува новите услови на Националната арена да ќе ги подобрат условите за работа на македонските репрезентации и клубовите кои ќе играат на овој стадион.