Рекордни 110,7 милиони долари за слика на Моне

55

Слика од периодот на импресионизмот на Клод Моне е продадена за 110,7 милиони долари, што е воедно и светски рекорд за продадено дело на овој француски уметник.

Моне ја завршил сликата, платно на масло во 1890 година, како дел од неговата серија стогови сено „Les Meules à Giverny“, на која е прикажан руралниот живот во близина на неговиот дом во регионот Нормандија.

Сликата последен пат била поставена на аукција во 1986 година, кога достигнала цена од само 2,5 милиони долари. Дотогаш таа била во сопственост на едно семејство речиси еден век, а била купена директно од дилерот на уметникот.

Инаку, серијата има 25 слики, од кои поголемиот дел се низ уметничките галерии низ светот. Претходно „Nymphéas en fleur“ беше најскапото сликарско дело на Моне, продадено за 84,7 милиони долари во мај 2018 година.