Близок извор до таборот на лондонскиот премиерлигаш Челзи откри дека клупските челници покажале сериозен интерес за услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Филипе Кутињо.
Офанзивниот играч за врска постојано е на удар поради скромните партии во Примера дивизион, а еден дел од шпанските медиуми ја пласираа и информацијата дека Кутињо е желба и на челниците на Манчестер Јунајтед.
Неофицијално, лондонските “сини” веќе подготвуваат понуда за играчот на Барса која нема да биде помала од 100 мил. фунти.