Рекордна добивка: Стопанска банка АД – Скопје поставува нови граници на профитабилност, оствари добивка од неверојатни 44,6 милиони евра!

199


Во периодот од 01.01.2018 до 31.12.2018 година Стопанска банка АД – Скопје оствари нето добивка за финансиската година во износ од 2.746.346 илјади денари или 44,6 милиони евра, што преставува зголемување за 34,4% споредено со нето добивката остварена во 2017 година.
Зголемениот резултат се должи на успешното редовно работење, пред се на зголемените нето приходи/(Расходи) од камата како и нето приходи/(Расходи) од провизии и надоместоци. Една од причините која има значително влијание на зголемениот резултат се должи и на ефектот од решениот статус на должникот Фени Кавадарци, кој во текот на 2017 година се соочи со влошување на состојбите, поради што СБ имаше потреба од издвојување на исправка на вредност. За разрешување на статусот на должникот СБ склучи договор за продажба на своите побарувања, кој се реализираше во текот на март 2018 година со кој успешно се разреши овој случај.
Биланс на успех
Нето приходите од камати изнесуваат 3.827.100 илјади денари, односно се зголемени 4,1% во однос на истиот показател од 2017 година, при што приходите од камати забележаа зголемување од 1,8%, додека расходите од камата забележаа намалување од 9,4%.

Нето приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 1.004.159 илјади денари и се повисоки за 2,3% од истите во 2017 година како резултат на остварен пораст на нето провизиите и надоместоци од услугите.

Нето приходите од курсни разлики изнесуваат 105.173 илјади денари и се намалени за 2,3% во однос на претходно анализираниот период, пред се како резултат на намалувањето на маргините.

Останатите приходи од дејноста забележаа зголемување од 16,6%, додека останатите расходи од дејноста забележаа намалување за 2,6%.

Трошоците за вработени на СБ изнесуваат 869.802 илјади денари.

Во анализираниот период СБ покажа исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето основа во износ од 531.646 илјади денари што преставува намалување од 39,7%, пред се како резултат на успешното разрешување на статусот на должникот Фени Кавадарци, како и на неколку останати клиенти.

Како резултат на подажба на превземени средства врз основа на ненаплатени побарувања Стопанска Банка покажа ослободување на исправка на вредноста во износ од 117.038 илјади денари во позицијата Загубата поради оштетување на нефинансиски средства, на нето основа.
Билансот на состојба
Вкупната актива на СБ изнесува 91.816.180 илјади денари, која е повисока споредено со крајот на 2017 година за 5.465.004 илјади денари или 6,3%. Зголемувањето на активата е резултат на порастот на кредитите и побарувањата од други комитенти кои изнесуваат 63.664.180 илјади денари и се повисоки за 3.006.982 илјади денари или 5,0% во споредба со крајот на минатата година, како и на зголемувањето на паричните средства и парични еквиваленти кои споредено со крајот на 2017 година се повисоки за 1.395.012 илјади денари односно за 7,8%.
Кредитите на и побарувањата од банки изнесуваат 197.089 илјади денари и бележат зголемување во однос на крајот на 2017 година од 37.550 илјади денари.
Вложувањата во хартии од вредност изнесуваат 5.869.943 илјади денари и споредено со минатата година бележат намалување за 360.578 илјади денари или 5,8%. Намалувањето на портфолиото на хартии од вредност се должи пред се на исплатата на дивидендата на акционерите на Банката.

Превземените средства врз основа на ненаплатени побарувања изнесуваат 68.969 илјади денари.

Во истиот период позицијата вкупни депозити (депозити на комитенти и депозити на банки) која изнесува 76.161.878 илјади денари забележа пораст во однос на крајот на 2017 за 5.198.970 илјади денари или 7,3%.

Капиталот и резервите изнесуваат 14.204.243 илјади денари при што е забележано зголемување за 4,2% во однос крајот на 2017 година.