Рекорден број нови случаи на коронавирус во Украина

13

Според податоците на Министерството за здравство на Украина, во последните 24 часа евидентирани се рекордни нови 14.580 случаи, со што вкупната бројка на заразени во земјата се зголеми на 612.665.

Исто така, во последното деноноќие направени се над 71.000 тестирања, додека со починатите 215 лица, вкупниот број на смртни случаи како последица на Ковид-19 во Украина порасна на 10.813.

Оздравеа уште 7.989 лица. Со ова вкупната бројка на оздравени во земјата се искачи на 282.313.