Реконструкција на скалите и платото пред Музејот на современа уметност во Скопје

81

Ќе се реконструираат скалите и платото на Музејот на современа уметност. Средствата во висина од 600.000 денари се донација од претседателот на Управниот одбор на Еуролинк осигурување, Олга Костовска.

Со оваа донација, како што велат од МСУ, ќе се овозможи полесен пристап и нов, освежен изглед на платото, кои ќе го направат музејот поатрактивен за уште поголем број посетители и љубители на современата уметност.

-Музејот на современата уметност е изграден од солидарност по земјотресот и веќе неколку години го има Еуролинк осигурување  за свој најголем поддржувач и пријател. Со досегашната поддршка се олеснува реализацијата на редовни годишни активности и досега се реализирани дополнителни проекти како што е отворањето на Музејската библиотека при Истражувачкиот центар при МСУ, издавање каталог на уметникот Петар Хаџи Бошков и реконструкција на бифето во музејот, се наведува во соопштението на МСУ.