Реконструиран дел од „Ѓорче Петров“, цела улица до крај на летово

110

Заврши реконструкцијата на дел од улицата „Ѓорче Петров“, на потегот од општинската зграда до објектот на „Баумаркет“.

Градежните работи за обнова на оваа фреквентна сообраќајница продолжуваат со засилено темпо, се до бензинската пумпа на „Макпетрол“.

Тие додаваат дека на реконструираниот дел изминатиов период е отстранет стариот и оштетен асфалт, бил нанесен нов асфалтен слој и е обележана хоризонталната сигнализација.

– Во наредните денови, градежни работи ќе се одвиваат на делот до бензинската пумпа на „Макпетрол“. Целосната реконструкција на улицата „Ѓорче Петров“ се очекува да заврши пред крајот на летото – велат од Градот.