Реконструирана улицата „Народен фронт“

81

Целосно е завршена реконструкцијата на една најфреквентните улици „Народен фронт“ во населбата „Капиштец”. Со тоа граѓаните добиваат нова и безбедна улица, со нови инфраструктурни и сообраќајни услови.

Притоа, целосно е направена реконструкција на коловозот на површина од 11.542 квадратни метри и реконструирани се трите краци помеѓу зградите. Поставено е ново лед-осветлување, а обновени се подигнатите пешачки платоа за смирување на сообраќајот.

– Воведуваме и резидентен паркинг на „Народен фронт” број. 5,7,17,19,21,23, а вертикалната и хоризонталната сигнализација ќе биде обележана штом се подобрат временските услови, најави градоначалникот Саша Богдановиќ.