Рекла-кажала на домашен начин: Македонската “џебна Венера” со музичарот Мојсо – во естраден скандал!

243

„Јас сум семеен човек, сопруг на прекрасната Билјана и татко на малолетен син кого сето ова длабоко го погодува. Од другата страна е семејството на Стојне, кои се наши многу блиски пријатели“, порачува загрижено популарниот Мојсо

На македонската естрада, а особено онаа фолк-естрада иако е време на пандемијата, пејачите не мируваат. Сепак, мора да се живее, да се работи, да се создава, а и пари да се печалат. Сосема исправно и логично.                                                                  Во целата таа трка и фрка има некои што на некој од музичарите ќе му го расипе ќеифот, и онаа мала желба за опстанок во ова време-невреме. Па, така завчера познатиот наш фолк-музичар Бобан Мојсовски-Мојсо беше вербално нападнат, исплукан, навреден.                                                                                                     На метата на тие лоши озборувања се најде и неговата долгогодишна успешна соработничка, згодната фолк-пејачка Стојне Николова, македонската џебна Венера, која секој маж би ја посакал за девојка. Што е вистина, е вистина.

– Вистина е дека сум се изнаслушал сешто за мене и мојот соработник Стојне Николова, но сум молчел! Тоа е шоу-бизнисот. Сега си дозволувам да се обратам јавно бидејќи сум именуван. Јас сум семеен човек, сопруг на прекрасната Билјана и татко на малолетен син кого сето ова длабоко го погодува. Од другата страна е семејството на Стојне. кои се наши многу блиски пријатели, вели Мојсо, меѓу другото, додавајќи дека и како човек е повреден од некои такви таканаречени новинари кои се срам за професијата.

И веднаш тој доби масовна поддршка од своите колеги и своите пријатели и обожаватели. Пејачката Ирена Спасовска вели дека претерале со рекла-кажала муабети кои со вистината немаат врска. – Таквиот со таквите недолични пишувања треба кривично да одговара, да се осуди за навреда, советува Ирена.
Другите колеги на Мојсо се исто така со сличен став. – Ти си им трн во окото. Нема потреба да им даваш на внимание…                                                                    Јавната професија секогаш трпела и ќе трпи вакви озборувачи…. но се согласувам дека ова е веќе претеризам и недолично однесување на еден „новинар“, ако може да се нарече како таков. Мојсо и Стојне имаат придонесено за македонската музика многу и освен што се колеги, тие се и семејно поврзани и не заслужуваат такви измислици, му порачуваат пријателите на Бобан Мојсовски. И велат дека се со него и кога му е тешко, а сега му е очигледно најтешко.

Тоа е точно дека колку си поуспешен на естрадата, тоа повеќе те плукаат. А тие двајцата се навистина успешни музичари Стојне и Мојсо. Жива вистина е дека никогаш не биле во љубовна врска! За тоа треба цврсти докази, а такви докази не постојат, бидејќи е голема лага.
Само напред со што поубави песни. Тоа е нашиот совет. И, како велат, барем оние искусните мегаѕвезди од светскиот шоу-бизнис кога ги озборуваат: „Ставете ми, ве молам, што поголема фотографија“!     Дуле Миќиќ (Фото: ФБ)